Американецот ни крив ни должен би можел да донесе проблеми за неговиот нов клуб.
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари се наоѓа во незгодна позиција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од моментот кога сфати дека Мората и Жиру не ќе можат да одговорат во целост на неговите барања е во потрага по решение, но управата на „сините“ како да не ги слушаше неговите молби.
Италијанецот неколку пати покажа незадоволство и по малку луто одговараше на прашањата од новинарите, а капката која можеби ќе ја прелие чашата е Кристијан Пулишиќ.
Сари изнел позитивно мислење за Пулишиќ пред неколку месец, но никој не го контактирал нешто повеќе од тоа, а за трансферот на Пулишиќ дознал вчера кога зделката беше потврдена.
Освен тоа Челзи би можел да има проблем и со УЕФА која под „будно око“ ги следи случувањата во клубот од Лондон, па Челзи би можел да добие казна поради кршење на Финансискиот фер-плеј, тврдат на Островот.
Казната би можела да биде во вид на забрана за купување, што би донело проблем за Сари и клубот.