Фудбалерите на мадридски Реал на свој терен играат против екипата на ПСЖ во осминафиналето во ЛШ.
Португалецот, Кристијано Роналдо по погодокот постигнат од белата точка ја продолжи својата серија во ЛШ, го постигна 10. погодок оваа сезона во ова натпреварување, а стигна и до историски бројки на погодоци во дресот на мадридски Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, вечерашниот негов гол беше 100. погодок во ЛШ, во дресот на Кралевите, па така стана првиот играч кој во боите на еден клуб стигнал до оваа бројка.
Интересно е што Лео Меси е три чекори поназад, односно тој постигна 97 погодоци за Барселона во елитното натпреварување.