Дома Македонски спорт Мак ракомет Уште една голема загуба за македонскиот ракомет: Почина Владимир Михајловски – Папс

Уште една голема загуба за македонскиот ракомет: Почина Владимир Михајловски – Папс

Ракометното семејство на Вардар загуби спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на Вардар и ракометниот клуб.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Без еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…