Дома Фудбал Лига на шампиони Уште еден скандал: УЕФА му избра противник на Ливерпул?! (Видео)

Уште еден скандал: УЕФА му избра противник на Ливерпул?! (Видео)

Повторно се активираше приказната околу нерегуларностите во рамки на ждрепката од паровите во ЛШ.

Со години наназад се сомнева во регуралноста во склоп на ждрепката за најголемите европски натпреварувања, а швајцарскиот весник „Блик“ објави снимка на која генералниот секретар, Марчети отвора кугла со две ливчиња.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој во еден момент ги гледа и еден од нив веднаш го фрла под маса, а потоа го извлекува ливчето на кое пишува Хофенхајм.

Од Европската фудбалска федерација брзо се огласија и истакнаа дека го игнорирал ливчето бидејќи немало влијание на ждрепката, иако сомневањата се подгреаа бидејќи на Хофенхајм му беше извлечен англиски Ливерпул, најтешкиот можен ривал.

УЕФА со години ги отфрла сите наведувања за евентуални наместени парови, а сомневањата не престануваат од сезона во сезона, иако се уште нема конкретни докази за евентуалните неправилности.

Но, тешко е да се каже што се наоѓало на фрленото ливче. Можеби било испишано име на некој клуб кој по грешка би можел да биде извлечен наместо Хофенхајм?

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…