Maкедонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев успеа да направи уште еден подвиг и утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри. Тој е петти највисок планински врв во светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така Кедев освои уште еден од највисоките светски врвови. До врвот се искачи заедно со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси.
Во негова придружба беше искусниот Кили Пемба Шерпа кој беше еден од 10-те непалски планирани кои се искачија на К2 во 2021 година.
Кога ќе се погледне алпинистичката кариера на Кедев таа е навистина импресивна бидејќи ги освои 10 од 14 врвови кои се над 8.000 метри: Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).