Дома Трансфер зона Уште еден Погба доаѓа во Премиер лигата!

Уште еден Погба доаѓа во Премиер лигата!

Фудбалерот на Сент Етјен наскоро би можел да ја промени средината, Флорентин Погба е баран во Премиер лигата.

Пол Погба е голема ѕвезда во светскиот фудбал, а добро ви е познато дека и неговите браќа се бават со овој спорт.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Постариот, Флорентин, е член на Сент Етјен, игра на позицијата стопер и исто така е многу ценет. Потврда за тоа е неговиот потенцијален трансфер во Премиер лигата, постојат информации дека е баран од страна на неколку клубови.

Прв меѓу нив е Евертон, екипата која е една од најактивните во трансфер периодот. Наводно тие се спремни да понудат 8 милиони фунти за него, бидејќи му истекува договорот на крајот од следната сезона.

За 26-годишниот дефанзиве интерес покажува и Лајпциг, според информациите на некои медиуми од Франција, но тоа е големо прашање имајќи ја во предвид трансфер политиката на клубот, до сега многу ретко купуваа играчи кои се постари од 23 години.

Па со оглед на трансфер политиката на Лајпциг, голема е веројатноста следната сезона двајцата браќа да ги гледаме во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …