Дома Фудбал Италија Уште еден клуб во Серија А доби нов тренер

Уште еден клуб во Серија А доби нов тренер

Фудбалскиот клуб Верона го назначи Паоло Занети за нов шеф на стручниот штаб, официјално потврди членот на италијанската Серија А.

Занети го наследи Марко Барони кој пред неколу дена беше промовиран во Лацио.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Договорот меѓу Верона и 41-годишниот Занети беше потпишан на една година, со можност за продолжување на истиот период.

Занети во својата тренерска кариера беше тренер на Судитирол, Асколи, Венеција и Емполи.

Верона минатата сезона заврши на 13. место во Серија А и во наредната повторно нивна главна цел ќе биде опстанокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Jaмал 18-тиот роден го прославив во гангстерски стил, јавноста го критикува (Видео)

Ламин Јамал го прослави својот 18-ти роденден, а фотографиите кои ги објави го открија рас…