Дома Останати УФЦ договори голема борба за шампионскиот појас во тешка категорија

УФЦ договори голема борба за шампионскиот појас во тешка категорија

luis

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



УФЦ вчера договори борба за шампион во тешка категорија во која актуелниот шампион Даниел Корнеир ќе го брани појасот против Дерик Луис.

Мечот за титулата за најдобар во тешка категорија е договорен за помалку од еден месец. Корнеир ќе се бори против „црниот ѕвер“ на УФЦ 230 евентот кој ќе се одржи на 3-ти ноември во Њујорк.

Овој меч секако е големо изненадување бидејќи Луис изминатиот викенд имаше меч против Александар Волков во Лас Вегас и кој го доби со нокаут на 10 секунди пред крајот.

За Корнеир ова ќе биде прво бранење на титулата шампион во тешка категорија која ја освои кон почетокот на јули кога го нокаутираше шампионот Стип Миочиќ.

Ваквиот потег на УФЦ сигурно немда биде убаво дочекан кај Миочиќ кој веднаш после поразот побара реванш, но очигледно ќе мора да се помири со ситуацијата.

Треба да се истакне и дека нема да ја видиме големата борба за УФЦ 230 помеѓу Нате Диаз и Дастин Пирер бидејќи Поирер доживеа повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонецот Славевски гази: Со пет победи по ред обезбеди борба за шампионскиот појас!

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Изминатата ноќ продолжи победничката низа на…