Дома Фудбал Италија Утре конечна одлука за мечот Јувентус – Наполи

Утре конечна одлука за мечот Јувентус – Наполи

Конечната одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи се очекува утре, откако беше разгледана жалбата на клубот од Неапол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот требаше да се одигра на 4-ти октомври, но Наполи не допатува во Торино, бидејќи имаше двајца фудбалери позитивни на Ковид 19.

Од клубот тврдат дека биле спречени да патуваат од страна на здравствените власти, морало сите од клубот од бидат во изолација и бараат да се одреди нов термин за натпреварот.

Од италијанската федерација не го спорат решението на здравствените власти, но тврдат дека Наполи требало да го почитува протоколот на Федерацијата и да отпатува во Торино.

Јувентус очекува службена победа од 3:0, Наполи бара мечот да се одигра во нов термин, па утре ќе биде донесена конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Швајнштајгер обвинет за расизам – ова се деталите!

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет дека користел расистички ст…