Дома Останати Тенис УС Опен: Познат патот кој треба да го помине Ѓоковиќ до нова грен-слем титула

УС Опен: Познат патот кој треба да го помине Ѓоковиќ до нова грен-слем титула

Извелечен беше ждребот за четвртиот грен-слем во сезоната, УС Опен. Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ походот по нов трофеј ќе го започне против Французинот Александар Милер.

Во второто коло потенцијален противник на Новак е подобриот од мечот Запата Мираљес-Квин, додека во третото може да игра против Ласло Џере или Брендон Накашима.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Четвртото коло веќе може да донесе посериозен ривал за Ѓоковиќ бидејќи може да се сретне со Оже-Алијасим и Франсиско Сеундоло, а во четвртфиналето можни ривали се Тејлор Фриц и Стефанос Циципас.

Полуфиналето може да донесе меч за ѓЃоковиќ против Скандинавците Холгер Руне и Каспер Руд.

Данил Медведев и Карлос Алкараз се на другата страна од ждребот и против нив би можел да игра само во финалето.

На УС Опен, Ѓоковиќ ќе се бори за 24. грен-слем титула во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер издоминира против Ѓоковиќ како ретко кога за финале со Алкараз!

Повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на крајот од четвртфиналето против Коболи очигледн…