Дома Фудбал Останато УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Германецот Ројс знае и босански! (видео)

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Германецот Ројс знае и босански! (видео)

Фудбалерите на Борусија Дормтунд во моментов се на подготовки за следната сезона која ќе биде навистина напорна.

Екипата на Борусија Дортмунд и Опел во издание на „Quiztaxi“ ги пречекаа играчите на овој клуб. Германскиот фудбалер и член на Борусија Дортмунд, Марко Ројс „зборуваше“ на босански.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија беа учесници на квизот кој го организира популарниот произведувач на автомобили под името „Quiztaxi“. Освен Ројс, меѓу останатите учествуваа и Кристиан Пулишиќ и Томас Деланеј, а Ројс беше тој кој прилично се нервираше во делот кога требаше да ги покаже вештините со топка.

Крилниот фудбалер во еден момент дури и испрати една пцовка и тоа на боаснки: „Ај је*ем ти мајку“, рече Ројс откако топката не замина таму каде што тој сакаше.

Не е чудно тоа што Ројс знае да пцуе на јазикот од овој простор, со оглед на тоа што Ројс во Дортмунд играше со играчи од овие простори, а некој од нив се и Невен Суботиќ, Џенис Бурниќ или Кристиан Пулишиќ. Овој момент погледнете го на 5:10 од видеото записот во прилогот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…