Канадската тениска федерација во неделата објави дека Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Торонто (4-13 август) поради замор.
Новак моментално е во Црна Гора на одмор и сака да ги наполни батериите пред да замине за Америка, каде од 13 август би можел да настапи во Синсинати, што би била негова „генерална проба“ на бетон за УС Опен, кој започнува на 28 август.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Отсекогаш уживав во Канада, но по разговорот со мојот тим, веруваме дека ова е вистинската одлука. Би сакал да му се заблагодарам на директорот на турнирот за разбирањето на оваа одлука.
Навистина се надевам дека во наредните години ќе можам да се вратам во Канада и во Торонто, да играм пред големите навивачи таму – изјави Новак Ѓоковиќ.