Красмири Анев, поранешниот европски шампион во биатлон и бугарски олимпиец во овој спорт, е во кома откако бил пронајден во неговиот дом со прострелна рана во стомакот и пиштол покрај него.
Медиумите во соседството пренесуваат дека инциденто се случил пред шест дена, Анев е пронајден во месноста Дренов Док во близина на Ќустендил.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како дошло до настанот не е познато, а Анев се уште е во животна опасност.
Инаку, тој е еден од најуспешните биатлонци во Бугарија. Учествувал на три Зимски олимписки игри и 11 пати на Светските првенства.