Дома Фудбал Останато УЕФА ја „затвори“ Маракана: Црвена Звезда без публика против ЦСКА

УЕФА ја „затвори“ Маракана: Црвена Звезда без публика против ЦСКА

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена Звезда поради недоличното однесување на нејзините навивачи на дуелот против БАТЕ Борисов во Лига Европа.

„Црвено-белите“ еден натпревар во европските натпреварувања ќе играат пред празни трибини, што значи дека нема да има публика на мечот против ЦСКА во 1/16 финалето од Лига Европа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Навивачите на Црвена Звезда во текот на натпреварот со БАТЕ на 23-ти ноември му пружија поддршка на Ратко Младиќ, а УЕФА тоа го окарактеризира како расистичко однесување.

„Изненадени сме од оваа одлука. Ние како клуб максимално сериозно го организиравме секој меч и правевме се за да мине во најдобар ред…Мислам дека имаме доволно аргументи за жалба за да докажеме дека Ц. Звезда не заслужува да игра на празен стадион. И сигурен сум дека ќе успееме . Еден од аргументите е дека ние влезници продававме уште од јануари, а продадени се 28 илјади од причина што немавме таква информација“, изјави Звездан Терзиќ, директорот на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо со “изненадувачка” покана: “Тука секогаш си добредојден”

Фернандо Каро, генерален директор на Баер Леверкузен, отправи критики до Реал Мадрид порад…