Навивачите на Зенит на мечот против нашиот шампион, Вардар извадија на трибините транспарент со поддршка за Ратко Младиќ, па УЕФА одлучи да затвори дел од стадионот на Зенит.
За потсетување, навивачите на Зенит истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Ратко Младиќ – српски херој“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај затворање на секторот каде се појави спорниот транспарент, Зенит ќе мора да плати и казна од 10.000 евра.
Санкции за транспаренти врзани за „херојот“ ги очекува и Црвена Звезда и Партизан.
Со парична казна се опоменати и Спартак Москва поради бакли на мечот, но и Баерн Минхен поради банер против УЕФА на дуелот против Андрлехт, како и поради фрлање на предмети на теренот.