Патрис Евра поради заработениот црвен картон е суспендиран на најмалку еден меч.
Фудбалерот на Марсеј заработи црвен картон пред почетокот на синоќешниот дуел против Гимараеш во Португалија во Лига Европа, бидејќи со нога во глава удри еден од навивачите на францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед мечот требаше да го почне од клупата за резервни играчи, но не го дочека ниту првиот свиреж на судијата.
Француски „Л’Екип“ наведува дека навивачите на Марсеј кои биле веднаш покрај теренот во текот нзагревањето го навредувале Евра. Тој прво им пришол на навивачите да поразговара со нив, но „ситуацијата многу брзо експлодирала“ па Евра со нога удри во главата на еден од навивачите.
УЕФА покрај постапката против Европа покрена постапка и покрај Марсеј.
Дисциплинската комисија за овој случај ќе одлучува на 10. ноември.
Фудбалскиот клуб Марсеј соопшти дека покренал внатрешна постапка по повод тој инцидент.