Дома Фудбал Останато УЕФА одреди краен рок за продолжување на сезоната

УЕФА одреди краен рок за продолжување на сезоната

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес им постави рок на своите членки, односно националните фудбалски федерации,  да изработат план за завршување на прекинатата сезона. 

 УЕФА побара до 25 мај, сите федерации да ги испратат своите планови, оставајќи им речиси едно месечен период истиот да го изработат, а до тогаш од УЕФА се надеваат дека многу појасна ќе биде ситуацијата со пандемијата на Ковид-19. 

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Националните федерации или ракводствата на лигите треба да ја информираат УЕФА до 25 мај, кога планираат да означат продолжување на сезоната во домашните првенства, да одредат датум за продолжување и формат по кој ќе се игра“, стои во барањето на УЕФА.

УЕФА на 27 мај ќе одржи состанок по кој ќе донесе одлуки за националните првенства, плеј-офф во Лигата на Нации каде Македонија се среќава со Косово во борба за пласман на ЕУРО 2021.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси и Арсенал во борба за талентиран фудбалер вреден 70 милиони евра

Во летниот преоден рок, Челси и Арсенал активно ја следат ситуацијата околу холандскиот та…