Дома Фудбал Останато УЕФА истражува: Порто наместил натпревар?!

УЕФА истражува: Порто наместил натпревар?!

porto

Местењето натпревари во последните 10 години зема голем замав во Европа, фудбалот од поодамна не е целосно чист, а УЕФА со помош на полициските служби низ Европа често спроведува истраги околу сомнителните натпревари.

Така, обвинителството во португалскиот град Есторил започна постапка по повод клубот од овој град и екипата на Порто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Есторил и Порто се одигра во два термини. Првото полувреме беше одиграно на 16 јануари и домаќините водеа со 1:0, за потоа поради наводни пукотници на трибините натпреварот да биде прекинат и второто полувреме да се одигра на 21 февруари.

Порто на крајот славеше со 1:3, а обвинителството одлучи да го истражи натпреварот поради сомнителната уплата од 730.000 евра на сметката на Есторил непосредно пред натпреварот.

Обвинителството има докази дека претставниците на двата клуба се сретнале во еден хотел во Лисабон и дека веројатно се работи за наместен натпревар, па одлучија да започнат истрага која наскоро треба да го добие својот епилог.

Доколку се докаже дека се работи за наместене натпревар и двата клуба сигурно би добиле огромни казни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…