УЕФА штотуку го објави идеалниот тим за 2016 година. Најдобрите единаесетмина се избрани во онлајн анкета на која сите посетители на страницата uefa.com имаа можност да гласаат.
Интересно најмногу гласови доби стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос со 75% од гласовите, а следат Роналдо со 69%, Меси со 64%, Модриќ со 59% и Иниеста со 51%.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најмногу има фудбалери на Реал Мадрид – четворица (Рамос, Роналдо, Крос и Модриќ), тројца се од Барселона (Меси, Иниеста и Пике), двајца од Јувентус (Буфон и Киелини), плус Гризман од Атлетико и Боатенг од Баерн Минхен.