Како што стојат работите, до крајот на овој месец оваа информација би требало да биде и официјализирана.
Видео технологијата која им помага на судиите во спорните ситуации (ВАР) станува се поприсутна во фудбалот, а можеби и клучен чекор во нејзината понатамошна примена која ќе биде направена следниве денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, како што денес пренесува британски „Тајмс“, во УЕФА се блиску до одлука веќе оваа сезона, од четвртфиналето да почнат со примена на ВАР во Лигата на шампионите.
Како причина за ваквиот став на челниците на УЕФА се наведува одличното искуство со користење на видео технологијата во текот на неодамнешното СП во Русија.
Следната недела ќе биде оддржан и состанок на таа тема во Монако, каде на 30. август ќе биде објавена ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.