УЕФА го потврди првото одложување во натпреварувања кои се во нејзина надлежност.
Одложени се младинските турнири и квалификации. Македонската репрезентација до 19 години требаше да игра во елитната фаза од квалификации на турнирот во Шпанија, меѓутоа и тој е помеѓу одложените младински турнири.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Согласно развојот на настаните предизвикани од ширењето на covid-19 во Европа и со тоа рестрикциите за патување наметнати од страна на владите на европските држави, сите мини турнири од елитните рунди за пласман на европските првенства до 17 години, жени до 17 години, до 19 години и жени до 19 години, кои требаше да се одржат помеѓу 14. март и 14. април 2020 година се одложени.
Одлуката значи дека македонската репрезентација до 19 години нема да патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до 31. март.
Оваа мерка е донесена како превентива затоа што може да се случи некоја од земјите да ги затвори границите додека турнирот е во тек па да настане проблем со играчите кои во поголем дел се малолетни.