Вардар стигна до нова победа во Лигата на Шампионите, вкупно осма последователна за нашите девојки, а втора во главната фаза. Убедливо совладан германскиот тим, Битигхајм, кој капитулираше пред Македонскиот шампион, со дури 12 голови разлика ( 26:38).

Во првите десет минути од натпреварот се играше гол за гол и двете екипи се менуваа во водство. Лејно добро започна на голот и во овој дел од мечот имаше три одбрани. На средината на првото полувреме, Битигхајм со мини серија успеваше да стигне до два гола разлика (8:6), што значеше минута одмор за Вардарки, тајмаут што го побара тренерскиот тандем, Дибирова и Парондо. Советите дадоа резултат, па во следните пет минути постигнуваат четири последователни голови, од кои дури три во серија беа на Андреа Пенезиќ, за прв пат црвено-црните да имаат водство од два гола (8:10). Намали за момент домашниот тим на 9:10, но следи нова серија на Вардарки од 0:3, за два последователни голови да бидат дело на Радичевиќ и веќе нашиот тим се одлепи на 9:13. И во следните минути имавме контрола на играт, кога поведовме со највисоки пет голови (11:16), но во последните минути од мечот направивме неколку грешки, што им овозможи на Битигхајм да постигне три голови во серија и на одмор да замине со достижна негатива од 14:16.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вториот дел започнува со серија на Вардар од 0:3, откако противничката мрежа ја тресеа Цвијиќ, Лазовиќ и Кузнецова, за кратко време да ја вратиме нашата најголема позитива (14:19). Одлична е Лејно и во овој дел од натпреварот, стигнувајќи до својата осма одбрана, а Вардар има веќе предност и од шест голови (18:24), откако Цвијиќ го постигна својот петти гол во 40 минута. Противничкиот тренер продолжи со играта 7 на 6, но тоа не им донесе намалување на негативата. По неколку пропуштени шанс, конечно Вардар успева да стигне и до најголеми седум голови ралика (20:27), со четвртиот гол на Кузнецова. Нашиот шампион си поигрува со противникот и по неколку минути стигнува до двоцифрена предност од 20:30, а Пенезиќ во тој момент е најефикасна на мечот со 7 голови. До двоцифрен број на одбранети удари стигна и Лејно, а нејзините соиграчки се изнадаваа празни голови. На крајот убедлива победа изразена со резултат од 26:38.

Андреа Пенезиќ постигна 8 голови, додека Цвијиќ 7. По 6 гола беа дело на Лекиќ и Кузнецова. Вардар имаше поддршка и од голем број на македонски иселеници во Германија.

Со оглед дека Мец го доби дуелот со ФТЦ, сега единствен конкурент за првата позиција на Вардар е само тимот на Мец. После ова коло бодовната разлика со французинките останува четири бодови, додека на ФТЦ и Будуќност им бегаме дури шест бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…