Дома Фудбал Италија Уапсени „воџата“ на навивачите на Милан и управник на Интер, поради – 600 килограми дрога!

Уапсени „воџата“ на навивачите на Милан и управник на Интер, поради – 600 килограми дрога!

lucci bonucci

„Воџата“ на навивачите на Милан, Лука Лучи утрово е уапсен заедно со уште 22 лица.

Првиот човек на Курва Суд Милан, како и управникот на Интер, Масимо Манели се обвинети за продажба на дрога. Полицијата после голема акција, пронајде 600 килограми марихуана и кокаин.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Помеѓу 22 уапсени, 19 се Италијани, двајца се Албанци и еден Романец.

Според информациите на италијанските медиуми, Лучи учествувал во тргувањето со дрога и соработувал со албанските групи, после што ја дистрибуирал дрогата во Милано.

Овој човек веќе еднаш беше во затвор поради напад на навивачот на Интер, Виргилија Мота кој остана без око. Со неговото враќање јужната трибина во Милано повторно го доби својот „воџа“ ,но сега и повторно претрпе тежок удар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…