Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел на прес-конференцијата пред дуелот во Белград зборуваше за натпреварот кој претстои и е важен за неговиот тим.
ПСЖ е лидер во групата и сака во Белград да го осигура местото и нормално е голем фаворит против домашната Црвена Звезда. Но, како Звезда го доби Ливерпул на Маракана, така Парижаните ќе влезат со големо внимание.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Нема премногу компликации. Победата не носи понатаму, иако ќе биде тешко да се оствари на Маракана. Важно е да играме добро и да не ги следиме случувањата во Ливерпул.“ – изјави Тухел синоќа за новинарите.
„Имаме голем предизвик пред нас, но сакаме победа. Нема да размислуваме кој не успеал да слави во Белград. Нашата цел е да ја поминеме групата, иако го почитуваме квалитетот на Звезда и атмосферата на стадионот.“ – додаде Германецот.