Дома Фудбал Англија Тухел: Знаеме математика, свесни сме колку е важен мечот со Тотенхем

Тухел: Знаеме математика, свесни сме колку е важен мечот со Тотенхем

Meнаџерот на Челзи истакна дека знае каков предизвик го чека неговиот тим во натпреварот против Тотенхем во дербито на 23. коло во Премиер лигата.

„Сините“ не знаат за победа на последните четири натпревари во Премиер лигата и во овој момент заостануваат 12 бодови зад лидерот Манчестер Сити.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Одлучивме после ремито со Брајтон играчите да имаат два слободни дена за да се одморат од се. Секако, тоа нема да ги реши проблемите, но добро е играчите да се одморат. После натпреварот со Тотенхем ќе го направиме истото“.

„После поразот од Сити разликата остана исклучително голмеа. Потоа игравме два дена подоцна. Забележав дека емоциите ги преплавија играчите. Можеби тоа беше фрустрација, можеби разочарување“, изјави Тухел.

Челзи во овој момент е трет на табелата со 44 бода од 23 натпревари, додека Тотенхем на петтата позиција има 36 бодови од 19 натпревари.

„Знаеме матимата, свесни сме дека не чека важен натпревар. Иако чудно е што одредени тимови имаат и четири натрпевари помалку. По бројот на бодови ви изгледа дека се далеку, но всушност не се. Затоа најдобро е да победиме“, порача Тухел.

Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ се игра во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…