Дома Фудбал Англија Тухел бесен: Во моментов ништо не функционира во Челзи

Тухел бесен: Во моментов ништо не функционира во Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел беше бесен после неочекуваниот пораз од Динамо Загреб во Лигата на шампиони.

Тухел истакна дека не го потценил Динамо, но призна дека неговиот тим не функционира дообро и мора нешто да се менува.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лут сум на себе, со нашиот настап, ова е тежок неуспех. „Почнавме добро, првите 15-20 минути, но ни недостигаше одлучност, ни недостигаше „крв“. Имавме доволно додавања, освоивме простор, но требаше да имаме повеќе удари. Примивме гол од контранапад на двајца играчи. тоа никогаш до сега не се случило. Мислев дека сме на вистинскиот пат, но изненаден сум“, изјави Тухел.

„Во моментов има премногу за анализирање. Очигледно не сме таму каде што треба и каде што дефинитивно можеме да бидеме. Така што на мене е да го решам проблемот, на нас е, треба да најдеме решенија. Во моментов ништо не функционира“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…