Дома Фудбал Останато Тројца фудбалери на Лил позитивни на Ковид 19

Тројца фудбалери на Лил позитивни на Ковид 19

Лил ги започна подготовките за новата сезона во Франција, а на тестирањата се покажа дека тројца фудбалери се позитивни на Ковид 19.

Ренато Санчез, Џонатан Иконе и Џонатан Бамба се позитивни на коронавирусот, потврдија од клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Санчез веројатно се заразил во Португалија, по 8 слободни дена. Тој се уште е во татковината и не може да патува затоа што треба да помине два негативни теста.

Што се однесува до останатите двајца, тие ќе бидат во изолација исто така додека не направат два негативни теста.

Франција е единствената земја од петте најсилни европски фудбалски лиги чие првенство е прекинато поради пеандемијата на коронавирусот и воопшто не продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…