Дома Фудбал Италија Тројца фудбалери имаат коронавирус, целиот клуб ставен во карантин!

Тројца фудбалери имаат коронавирус, целиот клуб ставен во карантин!

Северна Италија е жариште на коронавирус, а фудбалскиот клуб Пјаченца денес беше ставен под карантин, откако се покажа дека  тројца фудбалери на овој клуб се позитивни на вирусот.

Еден од фудбалерите на клубот ги покажа првите симптоми на вирусот минатиот викенд додека целиот тим беше во Алесандрија за натпреварот во Серија Ц.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Откако се покажа де е позитивен на коронавирус беше хоспитализиран, а денес испитувањата покажаа дека носители на вирусот се уште двајца фудбалери и еден член на персоналот.

„Во моментов се инфицирани четири лица, тројца фудбалери и еден службеник на тимот. Во моментот, сите играчи, технички персонал и тренери кои беа присутни за време на минатиот викенд пат, се во карантин 14 дена“, потврдија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)

Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Ма…