Дома Фудбал Англија Трошка среќа и за Венгеровите „Топчиите“: Прво финале сезонава за Арсенал по триумфот над Челзи

Трошка среќа и за Венгеровите „Топчиите“: Прво финале сезонава за Арсенал по триумфот над Челзи

Арсенал е екипата која во финалето на Лига Купот ќе се сретне со Манчестер Сити бидејќи вечерва во вториот полуфинален меч, беше подобра од Челзи со 2:1.

Сепак, не е се така лошо за тимот на Арсен Венгер кој денес излезе во прилично силен состав, како и Челзи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Гостите направија фантастична акција, Азар по одличното додавање на Педро излезе еден на еден со голманот Оспина и лесно успеа да погоди за 1:0.

Беше тоа во 7. минута, а само пет минути подоцна Арсенал изедначи. Озил изведе корнер од левата страна, Монреал упати удар кон голот, таму топката го погоди Рудигер кој постигна автогол за 1:1.

Пред крајот на првото полувреме, Озил имаше една шанса, но до промена на резултатот не дојде.

Во продолжението Џака го постави конечниот резултат, со погодок во 60. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…