Италијанските медиуми пренесуваат дека Артуро Видал ќе го напушти Интер после само една сезона.
Видал оваа сезона одигра 30 натпревари за миланскиот клуб, но во последно време е во втор план кај Антонио Конте кој почна да му дава повеќе шанса на Ериксен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер е спремен да го пушти Видал. Како главна причина се наведува договорот за платата која треба му се зголеми од пет на шест ипол милиони евра.
Се шпекулира и дека Видал се налутил на Конте што го заменил против Јувентус.
„Секогаш 22, секогаш број 22“, зборуваше Видал кога четвртиот судија покажа дека Ериксен ќе влезе на неговото место.
За 33 годишниот Чилеанец во последно време интерес покажаа Фламенго, Марсеј и Галатасарај.