Предводен од фантастичниот Лука Дончиќ Далас успеа да слави против Филаделфија со 107:98, иако во еден момент имаше и -16.
Словенецот во овој натпревар стигна до својот 44-ти трипл-дабл во кариерата со 33 поени, 13 скока и 15 асистенции. Реџи Булок постигна 20 поени, а Џејлен Брансон еден помалку. Во редовите на Филаделфија најдобар Жоел Ембид со 27 поени и 13 скока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По паузата од еден натпревар поради ситната повреда Јокиќ се врати на терените. Но и со него Денвер запиша пораз од Њу Ореланс со 105:113. Со учинок од 25 поени, 12 скока и девет асистенции Јокиќ беше најдобриот кај Денвер. Кај Пеликанс Херберт Џоунс постигна 25, дури 18 од нив во последниот период. Брендон Инграм оствари дабл-дабл од 23 поени и 12 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Филаделфија 107:98
Денвер – Њу Орлеанс 105:103
Шарлот – Кливленд 101-102
Детроиот – Бостон 93-102
Индијана – Чикаго 115-122
Торонто – Атланта 125-114
Сан Антонио – Хјустон 131-106
Јута – Бруклин 125-102
Портланд – Оклахома 93-96