Во Тетово во рамки од првото коло во Првата македонска фудбалска лига, среќата сакаше силите да ги одмерат двата најголеми конкуренти за титулата во новата сезона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шкендија го пречека тимот на Вардар, а по само неколку секунди натпреварот беше прекинат поради домашните навивачи, кои најпрво на теренот исфрлија хартиени ленти, а веднаш потоа извадија и огромен транспарент.
На транспарентот Шкендија беше претставена како „Хулк“, кој лесно се справил со Дачија, Хелсинки и Тракаи, противниците кои „црвено-црните“ од Тетово ги елиминираа во квалифкациите за Лига Европа.
По три минутен прекин и чистење на теренот, натпреварот продолжи.