На почетокот на пролетта во годината која следи Кабиб и Тони Фергусон би можеле конечно да влезат во октагон.
Досега борбата помеѓу овие два борци беше закажувана пет пати, но ниту еднаш не се одржа поради разни околности.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега тренерот на Тони Фергусон, Еди Браво даде интересна прогноза на борбата на својот борец против Кабиб. Тој смета дека најголемата предност на Фергусон може да биде тоа што е спремен да го прави она што досега противниците на Дагестанецот го избегнуваа.
„Кога во прашање е борба на тоа ниво, не би требало ништо да се прогнозира, но во секој случај одиме на победа. Знаеме како да дојдеме до неа. Не можам да ви кажам премногу, но постои една разлика во однос на Тони и противниците кои досега се бореа со Кабиб. Сите бегаа од борба со Кабиб на под. Кога ќе завршеа доле само бараа на чин да се вратат на нозе. Тони не е тип кој ќе прави такво нешто. Тој е некој кој може да нападне и од таква позиција и мислам дека Кабиб не знае баш добро да се брани во таква ситуација“, изјави Браво.