Во петтото коло од француската Лига 1, актуелниот шампион ПСЖ на домашен терен го претрпе првиот пораз во новата сезона.
Со резултат 3:1 беше поразен од Ница, екипа која со тоа остана непоразена. Играч на натпреварот беше двојниот стрелец Терем Мофи, за гостите погоди и Гаетан Лаборде, а двата гола на ПСЖ беа дело на Килијан Мбапе. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике даде свој коментар за натпреварот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Ова е фудбал. Имаа повеќе шанси, беа поефикасни, опасно напаѓаа од транзиција и нормално е што славеа овој пат. Јас сум позадоволен од играта на мојот тим денес отколку во последното коло кога го победивме Лион. Се бореа до крај и покрај проблемите со кои се соочивме. Поразот боли, но ми се допаѓа карактерот што го покажаа“, изјави Енрике и додаде:
“Ако зборуваме за трите гола што ги примивме, два беа удари кои се одбија од нашите дефанзивци. Се разбира, тоа не е оправдување, Ница заслужи да победи. Не сум загрижен. Секоја чест за навивачите кои ги издржаа сите 96 минути“.