Дома Фудбал Лига на шампиони Тренерот на Бриж: ПСЖ е на повисоко ниво од Реал Мадрид

Тренерот на Бриж: ПСЖ е на повисоко ниво од Реал Мадрид

Тренерот на белгискиот шампион, Филип Клемен зборуваше за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Тој смета дека во моментов Пари Сент Жермен е на повисоко ниво од Реал Мадрид.

„Многу од моите фудбалери за прв пат ќе играат против играчи од светска класа. Тоа ќе биде на повисоко ниво отколку што беше дуелот со Реал Мадрид пред две сезони. Ова се моменти за кои секој од нас сонувал“, изјави Клемен.

„Играме против најсилниот тим на светот и против најдобриот фудбалер, Лионел Меси. Нормално е да се зборува за ПСЖ, а не за Бриж. Знаеме дека ќе биде многу тешко да не примиме гол, но сакам да видам на кое ниво е мојот тим“, додаде тренерот на Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеле со видео порака ги успокои фановите🎥

Бразилската фудбалска легенда, Пеле продолжува со рехабилитацијата после операцјата која ј…