Дома Фудбал Германија Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик покажа дека не е среќен од трансфер политиката на клубот во однос на купување на нов напаѓач.

Роберт Левандовски се повреди и ќе остане надвор од терените цел месец, а Баварците немаат адекватна замена на местото централен напаѓач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веќе со години Левандовски е главен напаѓач на Баерн Минхен,но раководството не обезбеди негова адекватна замена.

„Клубот треба сериозно да ја разгледа ситуацијата околу доведување на нов напаѓач. Тоа не е моја работа. Сигурно дека имам мислење за таа тема, но мислењето ќе го задржам  за себе“, изјави Флик.

„Го имаме Гнабри, а и Томас Милер може да игра како централен напаѓач. Во секој случај ќе се справиме добро со ситуацијата“, додаде тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Левандовски ја разгледува ситуацијата – има пет серозни понуди на маса

Роберт Левандовски влегува во завршната фаза на договорот со Барселона. На масата има дури…