Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Требаше да суди на Мундијалот, но доби суспензија поради – обид да намести натпревар!

Требаше да суди на Мундијалот, но доби суспензија поради – обид да намести натпревар!

0
mirdasi

На само еден месец пред почетокот на Светското првенство, фудбалскиот свет го погоди непријатна вест.

Еден е судиите кој требаше да патува на Мундијалот во Русија е суспендиран поради местење натпревари.

Фахад Ал Мирдаси е познат судија од Саудиска Арабија и веќе судеше на најголемите светски фудбалски натпреварувања, а за неколку недели се очекуваше да отпатува за Русија со останатите судии. Но фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија објави дека Мирдаси го признал обидот за местење во натпреварот од купот во оваа земја.

Мирдаси признал дека го контактирале луѓе од саудискиот клуб Ал Итихад пред финалето на Купот против Ал Фаисали и наводно му било понудено да учествува во местењето на
натпреварот. Откако бил приведен, Мирдаси признал дека добил одредна сума на пари.


Следете го Sportski.mk и на


ФИФА за „BBC“ ја потврди оваа вест и побара дополнителни инфомрации за Саудииецот. Мирдаси е судија на ФИФА од 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Мајсториите на Барди и Меси: Ла Лига го смести Барди „рамо до рамо“ со супер ѕвездата (видео)

Oвој викенд започнува новата сезона во шпанската Примера, а официјалната страна на „Ла Лиг…