Барселона игра фантастична сезона, има голема предност над мадридските клубови во Примера, но и покрај тоа планира да биде активна на трансфер пазарот.
„Марка“ денес ја откри листата на играчи кои Ернесто Валверде сака да ги донесе на „Камп Ноу“. Листата ја предводи Месут Озил, германскиот играч за врска кој е на излезна врата од Арсенал. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па Каталонците сакаат да ја искористат таа ситуација.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Покрај Озил, Барселона следи уште двајца Германци и тоа ѕвездите на Шалке – Макс Маер и Леон Горецка. Двајцата покажуваат одлични партии за клубот од Гелзенкирхен и веќе стигнаа се стандардни репрезентативци.
Доколку не успеат да го ангажираат Озил, тогаш како алтернатива се споменува играчот на Лион Набил Фекир. На трансфер листата се наоѓа и рускиот репрезентативец Александар Головин, за кого Каталонците сметаат дека ќе биде инвестиција за иднината.