Дома Фудбал Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (30) потпиша двегодишен договор со Коринтијанс, соопшти бразилскиот клуб.

Депај го напушти Атлетико Мадрид во јули, а во клубот од Сао Паоло доаѓа како слободен играч.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Клубот не ги соопшти деталите од договорот, но бразилските медиуми пренесуваат дека договорот е вреден 12,5 милиони долари.

Депај ја започна својата кариера во ПСВ Ајндховен, а играше за Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона играше за Атлетико Мадрид, каде забележа 31 настап во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига најавија почеток на долгоро…