Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Случај „Азар“, Бензема во преговори, Нејмар има барање од ПСЖ, голема промена во Милан…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Случај „Азар“, Бензема во преговори, Нејмар има барање од ПСЖ, голема промена во Милан…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Eкспертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио тврди дека Карим Бензема веќе започнал преговори за трансфер во редовите на Милан. Според неговите информации, Французите ги договорил личните услови со клубот од Милано (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд и официјално му даде дозвола на Андре Шурле да преговара со заинтересираните клубови, што значи дека фудбалерот со сигурност ќе ја промени средината во овој преоден рок.

– И денес имаме новости на тема „Азар“. Французите тврдат дека Реал Мадрид ќе го купи Белгиецот за сума од 190 милиони, додека пак Шпанците убедуваат дека Перез нема немера да понуди толкава сума (ОВДЕ)

– Оливие Жиру би можел да премине во редовите на Атлетико Мадрид (ОВДЕ)

– Според најавите на медиумите, тимот на Барселона се подготвува за еден голем трансфер ова лето (ОВДЕ)

– Реал Мадрид наводно покажува интерес за англискиот репрезентативец кој блесна на Мундијалот, Трипие (ОВДЕ)

– „Дон Балон“ пишува дека Нејмар побарал од управата на ПСЖ во клубот да му бидат донесени сонародникот Марсело и поранешниот соиграч од Барселона, Иван Ракитиќ (ОВДЕ)

– Барселона ја испрати и третата понуда на адреса на Челзи за услугите на Вилијан и таа изнесува 61 милион евра. Од друга страна пак Челзи очекува од Вилијан да заработи најмалку 80 милиони евра (ОВДЕ)

– Евертон би можел да понуди 22 милиони фунти за услугите на дефанзивецот на Барселона, Лукас Диње.

– ПОТВРДЕНО: Марко Фасоне повеќе не е спортски директор на Милан, се очекува него да го наследи Леонардо. (ОВДЕ)

– Падна договор: Бразилецот Малком е 11 засилување на Рома! (ОВДЕ)

– Според медиумите на островот Челзи размислува за ангажман на голманот на Манчестер Сити, Џо Харт. (ОВДЕ)

– АСТРОНОМСКА ПОНУДА: Лука Модриќ наводно има понуда според која би заработувал 40 милиони евра по сезона од кинески клуб! (ОВДЕ)

– Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Арсенал, Јохан Џуру е нов фудбалер на СПАЛ

– Реномираната „Марка“ пишува дека Барселона размислува за ангажман на голманот Симон Мињоле од Ливерпул. (ОВДЕ)

– Рускиот репрезентативец, Сергеј Чепчугов со фотографија на Инстаграм му посака на Головин среќа во Челзи, па изгледа дека трансферот е пред реализацијата (ОВДЕ)

Карим Бензема преку својот Инстаграм профил жестоко го нападна експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио кој објави дека Французинот се договорил со Милан. Ова е јасен знак дека Бензема не постигнал никаков договор (ОВДЕ)

– Според информациите на „LeParisien“, Н’Голо Канте постигнал договор со тимот на Пари Сен Жермен. (ОВДЕ)

– Директорот на Интер Пјер Ауслио веќе е во Минхен каде што работи на трансферот и ќе се обиде да го купи Видал за 23 милиони евра, сепак како што споменавме и 30 милиони не би требало да претставуваат проблем за играч каков што е Видал. (OВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Заслужено: Ријека казнета поради навредите кон Ристовски!

Дисциплинската комисија на фудбалското првенство во Хрватска денеска ги соопшти казните за…