Дома Фудбал Барселона фрли димна завеса, во позадина се подготвува ТРАНСФЕРОТ НА ЛЕТОТО

Барселона фрли димна завеса, во позадина се подготвува ТРАНСФЕРОТ НА ЛЕТОТО

Информациите од каталонските медиуми говорат дека Вилијан не е единствениот играч на кого цели Барселона.

Имено, исрпатија три понуди до Челзи, но како што се наведува работат на супер засилување, односно доведување на бомба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Абидал преговара, Де Јонг отпадна бидејќи челниците на Ајакс беа јасни, млади играчи не одат уште една година никаде.

Кој е мистер „Х“ што велат Италијаците?

Многумина упатуваат на Погба, кого Раиола и покрај предупредувањето од Јунајтед го понуди на Барселона, но тој трансфер, особено по Мундијалот е тешко остварлив.

Списокот мети не е долг, покрај Пјаниќ за кого Јувентус бара голема сума на пари, се споменуваат некои имиеа, но Погба е прва мета.

Абидал е одличен пријател и на некој начин ментор на младиот Французин, тој уште во 2015. година споменуваше дека Погба би бил неговиот прв избор кога би станал официјален во клубот, сега е директор па еве прилика.

Уште само Мурињо да прифати…

Инаку, Барселона има пари, пропадна трансферот на Гризман од 100 милиони, исто така го продадоа Паулињо, дури се подготвени да се откажат и од Дембеле, ако Челзи прифати да го продаде Азар

Ќе видиме што ќе биде крајот на преодниот ток, но Барселона има намера, освен да ги задржи домашните трофеи да нападне и во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…