Бразилскиот голман, Алисон Бекер пред неколку дена и официјално стана нов голман на Ливерпул откако одлучи да ја напушти Рома, поради овој трансфер од клубот би можел да си замине Симон Мињоле.
Во Ливерпул не беа задоволни од Кариус и Мињоле, па реагираа со соборување на светскиот рекорд кога се голманите во прашање.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реномираната „Марка“ денес објави дека Мињоле се наоѓа на радарот на Барселона која судејќи според ситуацијата ќе мора да бара нов резервен голман. Тој статус го имаше Јаспер Силенсен, но изгледа дека Холанѓанецот повеќе не сека да ја „грее“ клупата во каталонскиот гигант.
Силенсен се наоѓа на излезни врати од клубот и чека вистинска понуда за продолжување на кариерата. Како што пишува „Марка“, Мињоле е една од можните опции на Барселона со оглед на тоа што се очекува да го напушти Ливерпул. Белгиецот не сака да биде трет избор на Јирген Клоп, а доколку има шанса да заигра за Барселона веројатно нема да ја пропушти.