Александар Головин беше играч кој уште пред Мундијалот привлекуваше големо внимание, а со настапите на Светското првенство само дополнително си ја зголеми својата цена.
22 годишниот фудбалер на ЦСКА најпрво беше пред трансфер во Јувентус, но откако во Торино пристигна Кристиано Роналдо „старата дама“ се откажа од трансферот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега овој фудбалер е пред трансфер во Чели, а дека работата е пред самиот крај потврди и објавата на рускиот репрезентативец, Сергеј Чепчугов кој на Головин му посака среќа во – Челзи!
„Кога пристигна во ЦСКА ти кажав дека мораш напорно да работиш. Две години подоцна си пред трансфер во европски гигант. Ти посакувам среќа во Челзи. Уживај“, напиша Чепчугов на својот Инстаграм профил.