Дома Трансфер зона ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо тргнува по Видал, состанок на „тема“ Азар, Илиев потпиша, одлични вести за Милан..

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо тргнува по Видал, состанок на „тема“ Азар, Илиев потпиша, одлични вести за Милан..

0

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.

– Медиумите ширум Европа пишуваат за понудата на Реал Мадрид до Челзи за Еден Азар. Изгледа Перез сите карти ќе ги фрли на Белгиецот со оглед на тоа дека Реал нема друга опција кога во прашање е доведување на голема ѕвезда во тимот. Во сабота е најавен и состанок на претставниците на Реал со менаџерскиот тим на Реал. (ОВДЕ)

Нејмар со последната изјава покажа дека нема намера да го напушти Пари Сен Жермен ова лето. (ОВДЕ)


Следете го Sportski.mk и на


– Македонскиот голман Дејан Илиев утрово потпиша нов договор со тимот на Арсенал (ОВДЕ)

– Реномираниот „Билд“ ретко кога се занимава со шпекулации, а сега пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе тргне по потписот на Артуро Видал.

– Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио пренесува дека екипата на Рома е спремна да понуди 35 милиони евра плус бонуси за услугите на Бразилецот, Малком од Бордо.

– Новото засилување на Ливерпул, Фабињо, наводно се обидел да го наговори својот поранешен соиграч од Монако, Килијан Мбапе да размисли за трансфер на „Енфилд“, пишува „Ливерпул Ехо“.

– „Дејли Телеграф“ пишува дека Рахим Стерлинг стравува дека неговите лоши настапи на Мундијалот во Русија би можеле да влијаат понудата за нов договор со Манчестер Сити.

– Според информациите на „Фудбал Италија“, Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед е блиску до преселба во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

– Tимот на Милан е вратен во Лигата на Европа, а тоа и како позитивно би можело да влијае на потенцијалните трансфери во клубот, најмногу од финансиски план. (ОВДЕ)

– Доколку Сергеј Милинковиќ Савиќ го напушти Лацио, клубот наводно ќе се обиде да го доведе како позајмен фудбалер играчот на Баерн Минхен, Ренато Санчез.

Шиме Вршаљко не сака да остане во Атлетико Мадрид, Интер е најсериозен кандидат за негово доведување. „Нероаѕурите“ имаат понуда од 25 милиони евра со позајмица и право на откуп, додека од Атлетико инсистираат на целосен откуп ова лето.

– Јувентус ја одби понудата од 35 милиони евр плус 5 како бонуси од Борусија Дортмунд за услугите на младиот стопер, Матија Калдара. „Старата дама“ не размислува на продажба на стоперот кој минатата сезона ја помина на позајмица во Аталанта. (ОВДЕ)

Сеск Фабрегас го убедува Еден Азар да не го напушти Челзи ова лето (ОВДЕ)

– Ливерпул наводно не се откажал од услугите на Набил Фекир и ќе се обиде да направи нов „напад“ на одличниот играч за врска, но сега во трката би можел да се вклучи и Челзи. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Талентираниот бразилски фудбалер Винисус Жуниор од денес и официјално е фудбалер на Реал Мадрид

– Официјално: Сон Хеунг Мин потпиша нов договор со Тотенхем со важност до 2023 година

Официјално: Атлетико Мадрид го доведе Родриго од Виљареал за сума од 25 милиони евра (20+5)

– Tимот на Челзи би можел во наредниот период да се обиде во своите редови да го доведе голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, од друга страна пак Милан е заинтересиран за напаѓачот Алваро Мората (ОВДЕ)

Џанлука Ди Марцио тврди дека Пјаниќ има три понуди за продолжување на кариерата и тоа од Манчестер Сити, Челзи и Барселона. (ОВДЕ)

– Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ги демантираше информациите дека клубот може да доведе некого од Карим Бензема, Анхел Ди Марија и Едисон Кавани. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми најавуваат чистка во Интер (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против…