Дома Трансфер зона Ќе стане ли Вилијан конечно „Каталонец“? – Челзи ја доби и третата понуда!

Ќе стане ли Вилијан конечно „Каталонец“? – Челзи ја доби и третата понуда!

Каталонците се навистина упорни, но разликата во однос на она што го бараат Англичаните и понатаму е голема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона не се откажува.

Првите две понуди беа одбиени. Лицитацијата започна од 55 милиони, стигна до 61.

Во прашање е Вилијан кој преку својот менаџер испратил порака до управата дека сака да замине, иако Конте го напушти клубот.

Се очекуваше Бразилецот кој беше во лоши односи со претходниот тренер да ја промени одлуката кога пристигна Маурицио Сари, но изгледа само Конте не бил во прашање бидеќи тој и понатаму сака да замине.

Сакаше кај Мурињо, но Челзи нема намера да засили еден од најголемите ривали во Премиер лигата, а кога во прашање е Барселона, бараа сума од околу 80 милиони евра што е сепак далеку од она што во овој момент го нудат Каталонците.

Идејата на Валверде е со доведувањето на Вилијан да формира ново трио во нападот, со што Кутињо би бил повлечен нешто поназад на местото плејмејкер, односно замена за Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…