Се повеќе се гласни најавите дека Челзи ќе остане без првиот голман ова лето, Реал е сериозно заинтересиран е и на прагот на договор со Тибо Куртоа.
Во Лондон се свесни дека немаат премногу аргументи за да го сочуваат Куртоа и неговиот сонародник Еден Азар, па се свртеа кон ково решение на голот. Алисон си замина во Ливерпул, се споменува Каспер Шмајхел, а најновото име е Џо Харт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според инфорамциите на „Sun“, Челзи го сака фудбалерот на Манчестер Сити кој влегува во последната година од договорот. Не е во плановите на Гвардиола, па со задоволство би го продал и по цена од само пет милиони фунти.
Минатата сезона ја помина во Вест Хем, дали ќе остане во Лондон?