Дома Трансфер зона Падна договор: Баерн победи во трката за тинејџерската сензација од САД! (видео)

Падна договор: Баерн победи во трката за тинејџерската сензација од САД! (видео)

devis

Канаѓаните на крајот попуштија, но и заработија.

Како и што се најавуваше Баерн Минхен победи во трката за новата тинејџерска сензација Алфонсо Дејвис кој настапува за Ванкувер во МЛС лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канаѓаните бараа оштета од 13 милиони долари и ја добија, а целата зделка со евентуалните бонуси би можела да дојде и до бројка од 20 милиони долари.

Момчето роден во Гана има само 17 години и ја покрива левата страна од теренот, но добро се снаоѓа и на позицијата офанзивен играч за врска.

Тој до крајот на сезоната ќе остане како позајмен фудбалер во МЛС сезоната во Ванкувер бидејќи 18 години ќе наполни во ноември.

Доколку информациите на новинарот Кристијан Џек се точни, Дејвис ќе стане најскапо платениот играч во историјата на МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…