Дома Топ вести БОМБА: Бонучи сe враќа во Јувентус, во замeна за Игуаин

БОМБА: Бонучи сe враќа во Јувентус, во замeна за Игуаин

Еминентната „Газета дело Спорт“ денес лансираше вистинска „бомба“ и откри неверојатно сценарија според кое Леонардо Бонучи може да се врати во Јувентус после само една година.

Милан е сериозно заинтересиран за Игуаин и веќе започна преговори со раководството на Јувентус, па двете страни преговараат за неверојатна трампа во која ќе биде вклучен Бонучи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Бонучи не е задоволен во Милан и сака да ја промени средината, а нема ништо против да се врати во Торино, па неговиот агент Алесандро Лучи веќе разговарал со раководството на „старата дама“.

Јувентус е во потрага по квалитетен стопер и е спремен да му ја прости „грешката“ на Бонучи и повторно да го врати во своите редови.

„Газета дело Спорт“ тврди дека во моментов двете страни ги договараат деталите, односно колкава сума треба да доплатат „росонерите“ за да го добијат Гонзало Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…