Дома Трансфер зона Пристигнува понуда за Јери Мина и тоа од – 30 милиони евра!

Пристигнува понуда за Јери Мина и тоа од – 30 милиони евра!

mina

Поминаа неколку недели откако Јери Мина беше вистинска сензација на Мундијалот во дресот на Колумбија со постигнати три погодоци, сега стоперот е повторно актуелен.

Според информациите на „Радио Монте Карло“ француски Лион испратил понуда на адреса на Барселона вредна 30 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е тајна дека Жан-Мишел Ола бара нов командант во одбраната. На Лион е му е потребен стопер кој ќе командува со последната линија, а првиот човек на клубот наводно им открил на медиумите дека еден од двајцата кандидати успешно настапувал на последниот Мундијал во Русија. Токму таму Мина се прослави, како што споменавме постигна три гола за Колумбија и иако е стопер беше најдобар стрелец на оваа репрезентација.

Кога во прашање е Барселона, тие многу веројатно нема да прават никакви проблеми со оглед на тоа што Јина беше доведен пред само шест месеци од Палмеирас за 12 милиони евра, а во дресот на Каталонците баш и не остави некој добар впечаток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…