Дома Трансфер зона Јувентус ги одби Борусија, Челзи, ПСЖ…

Јувентус ги одби Борусија, Челзи, ПСЖ…

juventus

Јувентус одлучи во своите редови да го врати дефанзивецот Мати Калдара кој во претходните 18 месеци беше на позајмица во Атланта.

Одличниот стопер е член на „Старата дама“ од јануари 2017. година но година и пол играше стандардно во тимот од Бергамо, а Јуве ова лето одлучи да го врати во своите редови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Калдара одигра одлично во Аталанта. Неговите игри го привлекоа вниманието на многу екипи, а Бјанконерите одбија дури три понуди за него. Најмногу се нудеше Борусија Дортмунд. Германскиот гигант испрати понуда од 35 милиони евра плус пет милиони евра во бонуси.

Потоа, Челзи и ПСЖ испратија понуда од 30 милиони евра, но сите три понуди беа одбиени. Тоа е знак дека „Старата дама“ сериозно смета на 24-годишниот фудбалер кој има договор до летото 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …